Високофреквентно електроотпорно индукционо, или кондуктивно заварување без додатен материјал (HFI или HF ЕRW), се два основни заварувачки процеси за производство на челични цевки во погоните на ФЗЦ 11Октомври а.д., покрај стандардното заварување со додатен материјал под заштита на прашок (SАW).
Високофрекфентното заварување најчесто се поврзува со заварување на челични цевки, иако се применува и во разни други случаи. Вообичаено се користи наизменична струја со фреквенција од 100 до 800 kHz, односно 100000 до 800000 циклуси во една секунда. Овој електрозаварувачки процес се карактеризира со два ефекта: skin effect, односно површинска концентрација на високофреквентната стуја и , ефект на близинаодносно концентрација на високофреквентната стуја на блиските паралелни внатрешни рабови во заварувачкиот клин пред точката на заварување.
Овие ефекти овозможуваат заварувачкиот процес да се одвива со најмала количина внесена топлина, поради што структурата на основниот материјал трпи промени само во релетивно мала зона околу централната – феритна линија на заварот. Истиснатиот растопен материјал од внатрешната и надворешната страна на заварениот спој се отсстранува со уреди за стругање.
Термички погодената зона, со широчина од по неколку милиметри на двете страни од челниот спој, има окрупнета структура поради интензивно водено ладење. Оваа непожелна структура понатаму локално се нормализира преку дополнително индукционо загревање со индуктори на средна фреквенција и природно ладење на воздух. На овој начин заварениот спој е најмалку еднаков со основниот материјал, односно фактор на завар v = 1,0.