Внатрешна епокси облога

Премазите од епоксидна смола се применуваат за внатрешна антикорозивна заштита на цевоводи за транспорт на гас, нафта и вода.

Подготовка на челичната површина се изведува со пескаренје до степен Са 2 ½ со челична сачма.

Облогата се состои од еден или повеќе слоеви од двокомпонентна епокси боја.

Надворешен дијаметар на цевки (D): од 159мм до 813мм

Стандард на изработка на облогата: АWWА C 210; API RP 5L2

Минимална дебелина на сува облога: 200µм за вода

Минимална дебелина на сува облога: 60µм за нафта или гас

Неизолирани краеви: cca. 20мм

Заштитни капи – на барање од нарачател

долžина на цевки: 6м до 12м

За овој тип облоги се користи двокомпонентна епокси боја која откако ќе се помеша во одреден сооднос препорачан од испорачателот се нанесува центрифугално со erless опрема.

На секоја цевка се испишува текст кој содржи заштитен знак и име на фирмата, димензија и квалитет на материјал и стандард по кој е изработена цевката како и  тип и стандард за изработка на  внатрешната облога. Во случај кога цевките се пакувани во пакети (дијаметар помал од 219мм), текст за маркација е на етикета прикачена на секој пакет.