Трослојна полипропиленска облога е наменета за повисоки работни температури и кога се бараат повисоки механички карактеристики.
За разлика од трослојната полиетиленска облога која е наменета за работна температура на цевовод до 85˚C, трослојната полипропиленска облога е за работна температура од 0˚C до 140˚C.
Подготовка на површината на цевката се изведува со пескарење до степен Са 2 ½ со челична сачма и аглест челичен гранулат.
Облогата се состои од следниве три слоја:
- слој од епоксидна смола (FBE) нанесена електростатски на загреана цевка на температура од 180˚C до 220˚C
- слој од адхезив нанесен електростатски непосредно по нанесување на епоксидната смола
- слој од полипропилен нанесен со екструдирање во црево
Надворешен дијаметар на цевки (D): од 88,9мм до 813мм
Стандард за изработка на облога: DIN 30678, NF 49711, EN10286
Дебелина на облогата: 1,8мм до 2,5мм во зависност од дијаметар на цевка; 8мм на барање од нарачател.
100% тест на порозност – испитен напон 25kV
Неизолирани краеви: 130мм до 150мм
Заштитни капи или челични прстени – по барање од нарачател
Должина на цевки: 6м до 12,2м
На секоја цевка се испишува текст кој содржи заштитен знак и име на фирмата, димензија и квалитет на материјал и стандард по кој е изработена цевката како и тип и стандард за изработка на надворешната облога Во случај кога цевките се пакувани во пакети (дијаметар помал од 219мм), текст за маркација е на етикета прикачена на секој пакет.