Трослојна облога пружа најдобра и долготрајна заштита од корозија поради тоа што се споени извонредните антикорозивни својства на епоксидна смола и извонредните механички својства на полиетилен.
За разлика од двослојната облога која е наменета за работна температура на цевовод до 50˚C односно до 70˚C, трослојната се користи за следниве температурни подрачја: до 50˚C со полиетилен со ниска густина (LDPE), до 80˚C со полиетилен со средна густина (MDPE) и до 85˚C со полиетилен со висока густина (HDPE).
Подготовка на површината на цевката се изведува со пескаренје до степен Са 2 ½ со челична сачма и аглест челичен гранулат.
Облогата се состои од следниве три слоја:
- слој од епоксидна смола (FBE) нанесена електростатски на загреана цевка на температура од 180˚C до 220˚C
- слој од адхезив нанесен електростатски непосредно по нанесување на епоксидната смола
- слој од полиетилен нанесен со екструдирање во црево
Надворешен дијаметар на цевки (D): од 88,9мм до 813мм
Стандард за изработка на облога: DIN 30670, NF 49710, EN 10285
Изведба: N и S по DIN 30670;
Дебелина на облогата: 1,5мм до 3,7мм во зависност од дијаметар на цевка; 8мм на барање од нарачател
100% тест на порозност – испитен напон 25kV
Неизолирани краеви: 130мм до 150мм
Заштитни капи или челични прстени – по барање од нарачател
Должина на цевки: 6м до 12,2м
На секоја цевка се испишува текст кој содржи заштитен знак и име на фирмата, димензија и квалитет на материјал и стандард по кој е изработена цевката како и тип и стандард за изработка на надворешната облога. Во случај кога цевките се пакувани во пакети (дијаметар помал од 219мм), текст за маркација е на етикета прикачена на секој пакет.