Полиетиленот, поради неговите поволни механички и хемиски карактеристики веќе неколку децении се применува за антикорозивна заштита на подземни и подводни цевоводи за транспорт на гас, нафта или вода. За да биде отпорен на дејство на топлина и UV се стабилизира со антиоксиданти и најчесто со чаѓа.
Облогата од полиетилен е наменета за работни температури до 50˚C при што се користи полиетилен со ниска густина (ЛДПЕ) и до 70˚C за полиетилен со средна густина (MDPE) и полиетилен со висока густина (HDPE). Со зголемување на густината се подобруваат и механичките својства на полиетиленот.
Подготовка на површината на цевката се изведува со пескарење до степен Са 2 ½ со челична сачма и аглест челичен гранулат.
Облогата се состои од два слоја и тоа:
- слој од адхезив нанесен електростатски на загреана цевка на околу180˚C
- слој од полиетилен нанесен со екструдиранје во црево
Надворешен дијаметар на цевки (D): од 88,9мм до 813мм
Стандард за изработка на облога: DIN 30670, HF49704, EN10288
Типови на облога:
- N-n, N-v, S-n, и S-v (DIN 30670);
- класа 1, класа 2 и класа 3 (HF 49704)
100% тест на порозност – испитен напон 25KV
Неизолирани краеви: 130мм до 150мм
Заштитни капи или челични прстени – по барање од нарачател
должина на цевки: 6м до 12,2м
На секоја цевка се испишува текст кој содржи заштитен знак и име на фирмата, димензија и квалитет на материјал и стандард по кој е изработена цевката како и тип и стандард за изработка на надворешната облога. Во случај кога цевките се пакувани во пакети (дијаметар помал од 219мм), текст за маркација е на етикета прикачена на секој пакет.