Метална облога од цинк има широка примена како надворешна и внатрешна заштита на спроводни инсталациски челични цевки за транспорт на санитарно исправна вода за пиење. Истотака наоѓа примена и во лесни конструкции за градежништво, електростопанство, земјоделие, сообраќај и т.н.
Изложен на воздух цинкот формира карбонат, кој ја стопира понатамошната корозија. Се нанесува со потопување на челични цевки во стопен цинк со чистота 99,995%. Подготовка на површината на цевките се изведува со обезмастување во индустриски детергенти, декапирање во разредена сулфурна киселина и флуксирање во цинков и амониум хлорид. Потоа цевките се потопуваат во када со стопен цинк на cca. 445˚C, каде остануваат одредено време за да се добие предвидената дебелина на облогата.
Надворешен дијаметар на цевки (D) од Ø 21,3мм до Ø 88,9мм
Големина на навој (Р) од 1/2” до 3”.
Изработка на челична цевка по EN 10255
Материјал: С195Т
Топло пцинкување со потопување по EN 10240, квалитет на:
Внатрешна облога А1, А2, мин. дебелина 55/55 µм, средна 70 µм,
Надворешна облога Б1, Б2, мин. дебелина 55,40 µм, средна 70 µм
Подрачје H и М, ( табела бр,1 )
тип L; L1 ; L2 ( табела бр.2; бр.3; бр.4 )
со рамни краеви
со конусен навој на краеви по EN 10226-1
Заштитна пластична капа за навој на еден крај
Спојница по EN 10241 со цилиндричен навој по (ISO 7-1) на друг крај
должина 6м.
атест: EN 10204 2.2
Секоја поцинкувана цевка е означена стандардно преку принтер со сина боја, заштитен фабрички знак и CE ознака, запакувана во шестоаголни пакети и дополнително означени со прикачени метални етикети.