ФЗЦ 11Октомври а.д.е афирмиран производител на електро заварени челични цевки за конструкции со кружен, квадратен и правоаголен попречен пресек.
Конструкционите цевки се изработуваат од нелегирани квалитетни челици и финозрнести нелегирани и микролегирани челици, кои се особено отпорни на истеганје, соовиванје, торзиони упредуванја и динамички оптоваруванја на ниски температури.
Наоѓаат многу широка примена во градежништвото како челични конструкции за високи градби , кровни конструкции, мостови , хали, спортски објекти, во бродоградба, машиноградба,транспорт и сообраќајни сретства и др.
Овие производи опфаќаат најширок асортиман од производниот птограм во Фабриката и се изработуваат на повеќе линии за мали, средни и големи димензии како: ладно формирани, ладно формирани и топлотно третирани и ладно формирани и топло преобликувани на нормализациска температура.