Производи

ФЗЦ 11 Октомври а.д. од Куманово е голема компанија со релативно мал домашен пазар, поради што е извозно ориентирана и ги следи побарувањата на националните пазари во Регионот и Западна Европа, а повремено е присутна и на останатите пазари во Светот. Оваа околност беше предуслов за перманентно проширување на асортиманот и подобрување на квалитетот на своите производи со  усвојување на повисоки  критериуми за изработка и испорака према најстрогите барања на водечките светски стандарди .

Фабриката располага со многу широк асортиман на производи од областа на заварени челични цевки и профили кои наоѓаат  примена во повеќе сегменти од стопанството,  како елементи за цевководи и челични конструкции во градежништво, индустријата, сообраќај, рударство, земјоделието, и други  стопански гранки.

ФЗЦ 11 Октомври а.д.  нуди широк асортиман од електро заварени челични цевки со кружен пресек – надворешен дијаметар од 8мм до 1620мм како:

ФЗЦ 11 Октомври а.д.  исто така нуди електро заварени челични цевки со квадратен и правоаголен попречен пресек од 10х10мм до 400х400мм, односно од 30х10мм до 500х300мм:

  • ладно формирани
  • топло преобликувани

Фабриката произведува и повеќе  видови други производи:

ФЗЦ 11Октомври а.д посветува големо внимание на анти корозивна заштита од внатрешна и надворешна страна за спроводни цевки,  инсталирани во разни средини, спрема нивната намена: