Во своето непрекинато работење уште од петтата деценија на минатиот век, Фабриката непрекинато учествува во издрадба на сите позначајни цевководи за вода, нафта и гас на овие простори, со што стекна огромно искуство и високо реноме. Како пионер и лидер во оваа област, за што сведочат бројни објекти, денеска ФЗЦ 11Октомври а.д. – ФЗЦ Инжинеринг располага со високо стручен, квалификуван персонал и опрема за усвоени технологии на REL и TIG процеси на заварувања
Интегрираниот систем за управување со квалитет, животна средина и бeзбедност и здравје при работа е инплементиран и одобрен со сертификати по следнини стандарди: ISO 9001/2008; ISO 14001 / 2004 i BS OHSAS 18001/2007
ФЗЦ 11Октомври а.д. – ФЗЦ Инжинеринг проектира и изведува:
- цевководи за течни и гасни флуиди на магистрални и локални делници.
- челични конструкции во градежништво за индустриски објекти, спортски хали, кровни конструкции и др.
- катодна заштита на челични цевководи
- обука на заварувачи за REL и TIG постапка
Референци:
- Монтажа на гасовод
- Монтажа на цевковод
- Монтажа на челични конструкции