Собрание на акционери за 2016 г.

Predlog odluki

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Фабриката за заварени цевки и профили ФЗЦ 11 Октомври А.Д. од Куманово чија производна програма ја сочинуваат заварени челични цевки и профили има потреба од три комерцијалистки.

Одговорности и задачи:

-истражување и сегментирање на домашен и странски пазар

-изготвување на економски анализи како на пример SWOT,….

-развој на планови за продажба и имплементација на истите

-наоѓање нови клиенти и одржување контакти со постоечките

-склучување договори

-припрема на тендерска документација и учество на аукции

-следење на конкуренција како на домашен така и на странски пазар

-следење на берза и останатите економски и политички фактори кои може да влијаат на цена на суровините

-промовирање на компанијата на саеми и други настани

-давање идеи за развој на софтвер за комерцијално работење

-секојдневно изготвување репорти за сработеното и достава до лице одговорно за неа според организациска структура

 

Способности/знаења:

-комуникациски и преговарачки способност

-трпеливост и способност за решавање на конфликти

-способност за работа во тим и формирање на тим

-познабање на основни сметководствени процеси и буџетирање

-основни познавања од правниот систем

-одлично познавање на Microsoft Office Packet

-одлично познавање на Англиски јазик

-возачка дозвола Б категорија

 

Кандидатката задолжително треба да има завршено Високо образование

 

Сите заинтересирани да испратат мејл на info@fzc11oktomvri.com.mk најдоцна до 08.04.2016

Јавен повик за годишна седница на Собранието на акционери за 2014 г. со ревидиран дневен ред

Врз основа на член 383,384,387 и 390 став 10 од Закон за трговските друштва, Одборот на директори на Фабрика за заварени цевки и профили 11 ОКТОМВРИ АД – Куманово  објавува ревидиран дневен ред на

Ј  А  В  Е  Н      П  О  В  И  К

            за одржување на редовна годишна седница на Собранието на акционери на

ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ АД – КУМАНОВО

Годишното Собрание ќе се одржи на ден 19.06.2014 година со почеток во 15,00 часот во просториите на   ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ АД- Куманово. Сите детали за овој јавен повик можете да ги превземете од тука.

Јавен повик за годишна седница на презакажано Собрание на акционери од 2013 г.

Врз основа на член 393 став 2 од Законот за трговски друштва, Одборот на директори на ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ АД – Куманово објавува:

ЈАВЕН  ПОВИК

За учество на годишно Собрание на акционери на ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ АД–Куманово

(презакажано Собрание)

 

Седницата на годишно Собрание  на акционери на ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ АД – Куманово ќе се одржи на 30.05.2013 година со почеток во 14 часот во Фабриката со дневен ред закажaн и објавен за редовната седница на годишно Собрание на ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ АД – Куманово.

ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ АД – Куманово

Добредојдовте на вебсајтот на ФЗЦ 11 Октомври А.Д.

Почитувани, чест ни е да ве известиме дека на веб сајтот на ФЗЦ 11 Октомври А.Д. во делот Актуелни новости можете да прочитате за сите новости поврзани со работењето на фабриката.