Акредитација

Лабораторија за тестирање при ФЗЦ 11 Октомври АД Куманово е акредитирана од Институтот за акредитација на Република Северна Македонија. Со Сертификатот за акредитација Бр. ЛТ-079 се потврдува дека се исполнети барањата на стандардот MKC EN ISO/IEC 17025:2018.

Акредитацијата ги опфаќа следните методи:

Тест на истегнување на метални материјали на собна температура

– Тест на свиткување на метални материјали

– Шарпиев тест на удар со клатно (жилавост) од -50°C до собна температура(23±5°C)

– Определување на својства на истегнување на пластика

– Хемиски состав на нелегирани и ниско легирани челици

– Одредување на содржина на неметални вклучоци – микрографска метода со помош на стандардни слики на челик

– Микрографско одредување на привидна големина на зрното на челик