ОДГОВОРИ НА ПРАШАЊА ПОСТАВЕНИ НА СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ НА 30.05.2023 ГОДИНА ОД СТРАНА НА ПОЛНОМОШНИКОТ НА АКЦИОНЕРИ МАРЈАН ПОПОВСКИ

1. Што е со имотот на Фабриката во Грција?

-за имотот на Фабриката во Грција поточно  – линија за производство на цевки и профили  во Комотини, Грција, Фабриката нема пристап до грчката фирма ниту комуникација со нив. Направена е средба со гркот пред 5/6 години при што на средбата негирал дека постои било каква сопственост на Фабриката таму. Фирмата во која Фабриката инвестирала не работи.

2. Што е со имотот на фабриката во Загреб?

-за имотот на Фабриката во Загреб поточно – стовариште во Велика Горица, Загреб, во тек е постапка за утврдување на сопственост пред Општински суд во Велика Горица.

 3. Колку е бројот на вработените во Фабриката во однос на 2021 година?

-бројот на вработени во Фабриката на 31.12.2021 година – 207 работника додека на 31.12.2022 година – 163 работника.